Со кривичната пријава што обвинетите во случајот „Софтвери“, поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока груп“ од која Владата ги набави спорните софтвери за мерење брзина на возилата Даниел Станчев, ја поднеле против обвинителката која го води предметот и против еден од нејзините стручни соработници, Обвинителството ќе постапи исто како и во сите други случаи, тврдат оттаму.

Штом ќе пристигне пријавата, Обвинителството ќе постапи и ќе ги провери наводите – одговорија од Обвинителството на прашањето дали се запознаени со тврдењата изнесени денешното соопштение на Рашковски и Станчев.

Двајцата обвинети во случајот „Софтвери“, претходно до јавноста доставија соопштение во кое тврдат дека обвинителката која го води предметот ја излажала и се уште ја лаже македонската јавност, ги крие или ги прикрива доказите пред судот, со цел да предизвика омраза кај јавноста кон обвинетите и да го изманипулира судот.

Во прилог на наводите од соопштението, Рашковски и Станчев го доставија и документ за кој тврдат дека пријавената го скрила и не го приложувала ниту кон списите на предметот кога се вршело продолжување на мерките притвор против оштетените, ниту кон листата на докази при поднесување на обвинителниот акт, „свесна дека со овој допис во целост поднесениот обвинителен акт е беспредметен“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.