Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против водителката Лила Стојановска, a која ја поднесе градежната фирма „Дан-Мак“. Од компанијата обвинуваа дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти, а Стојановска тврдеше дека парите се вратени до последниот денар, за што приложи и уплатници, објави „Фокус“.

Од Скопското јавно обвинителството за „Фокус” ја потврдуваат информацијата.

Во поглед на кривична пријава поднесена на 3 април 2018 година од правното лице Изградба инженеринг Дан-Мак ДООЕЛ Скопје против лицето за кое прашувате, а за сторено кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, ве известуваме дека Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава бидејќи пријавеното дело не е кривично дело кое се гони по службена должност, одговорија од Обвинителството.

извор: Фокус

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.