Надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција одлучи дека не постои основа за обвинение за наводна трговија со здрави новороденчиња, откако била проучена целосната документација и известувањата од надлежните органи.

ОЈО отвори предмет по допрен глас во декември 2018, откако во медиумите беа изнесени сознанијата на Народниот правобранител за сомневања за организирана криминална група која подолг временски период се занимава со трговија со здрави новороденчиња.

Наводно, на биолошките родители веднаш или по краток временски период по раѓањето им се соопштувало дека новороденото е починато, а всушност тоа било здраво и заради понатамошно посвојување станувало жртва на трговија.

Врз основа на документацијата и по побараните известувања од Народниот правобранител, Министерството за труд и социјална политика и Првата детска амбасада „Меѓаши“, произлезе дека во конкретниот случај нема докази, ниту индиции за постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, соопштија од ОЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.