На денешното рочиште за предметот „Талир 2“ адвокатите го дадоа својот завршен збор во кој побараа ослободителна пресуда за случајот.

Како што најавив и во мојот воведен говор и фактите кои сметам дека се релевантни така и во овој завршен збор сметам дека со овии факти релевантни за вашата одлука која ќе следи да ја донесете водат кон ослободителна пресуда. Исто така како што најавив во мојот воведен говор и ги изнесов правните факти и изведени докази во овој предмет така и во овој завршен збор сметам дека водат кон ослободителна пресуда, истакна адвокатот Горан Кркински.

Адвокатите при својот завршен збор во случајот „Талир 2“ истакнаа дека обвинителот со ништо не го докажал постењето на кривичното дело за предметот.

Правната основа за овој предлог ја основам врз член 4 и став еден како последица на примена на член 4, член 1 од ЗКП. Верувам во убеденоста на судот дека ова се значајни одредби кои претставуваат една целина и следуваат по редослед. Во мојот воведен говор се повикав на правото на одбрана која извира од основната обврска на јавниот обвинител во текот на постапката, товарот на докажување на вината на обвинетите во овој случај е на негова страна а не на страна на одбраната. Обвинителот со ништо не го докажа законското кривичното дело за кое Никола Груевски е обвинет, кој може да се стави во врска со обвинетиот на заштита кој ова кривично дело, кој мора да се стави во врска со правната норма преку која се штити објектот на заштита, кој во случајов, не само што не е повредено, туку и не се наведува како елемент на описот на ова кривично дело, истакна адвокатот Кркински.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.