По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја започна во јуни годинава, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против 11 лица во предметот „Шпански скали“, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата е обвинето за сторено кривично дело – несовесно работење во службата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.