Слика на која се ракува Андреј Жерновски со Бојан Јовановски денеска покажа Александар Трајковски, еден од обвинетите за „Шлаканиците во Центар.

Трајковски пред медиумите изјави дека постојат сомневања дека Жерновски со финансирање на проект на Меѓународниот сојуз од еден милион денари успеал преку Јовановски и Јанева прекршочната да ја смени во кривична постапка со што ќе бидат прогонувани членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како обвинети во случајот „Насилство во Центар“ кај нас постои сомнение дека и овој случај е инфициран од предметот ‘Рекет’, изјави тој.

Трајковски прашува дали тогашниот градоначалник на Центар, Жерновски има дадено 1 милион денари за да се процесуира кривичната пријава против нив.

Тој го повика јавното обвинителство да се позанимава и да ја преиспита соработката на Општина Центар со Меѓународниот сојуз, чиј претседател е Бојан Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.