Марјанчо Велев од струмичкото село Добрејци, кој се суди за убиството на струмичанецот Ристо Иљашев, чие тело беше пронајдено во водите на браната „Турија“. Според извори на „Република“ вчера, иако требало, не бил спроведен на следно судење за овој случај во Струмица. Велев моментално е во затворот Шутка во Скопје.

„Република“ побара одговор од директорот на Казнено – поправната установа Есад Рахиќ, кој кажа дека од негова страна бил потпишан документ за Велев да биде однесен на судење на 27.01, но лицето не било спроведено. Рахиќ истакнува дека не знае која е причината, зошто е направен овој пропуст, но истакна дека ќе истражи.

Директорот исто така кажа дека Маријанчо Велев сигурно ќе се појави на следното рочиште бидејки веќе е потпишано дека тој во првите денови од Февруари треба да биде спроведен во Струмица на судење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.