Тројца државјани на Турција добиле обвиненија за сторено кривично дело фалсификувана потврда за негативен тест за Ковид-19.

Од Јавното обвинителство информираат дека ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело обвинителни предлози против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа.

На 1 март, при процедурите за проверка на пасошот на Меѓународниот аеродром Скопје, тројцата обвинети прикажале лажни потврди за негативен тест за САРС-КоВ-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале, обвинетите се обиделе да ја напуштат државава со потврди за кои знаеле дека не се издадени од наведените лаборатории – се наведува во соопштението на Обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.