Полицијата поднесе обвинениепротив скопјанец кој држел дрогата во домот заради натамошна неовластена продажба, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против скопјанец за неовластена продажба на марихуана.

Во домот на обвинетиот 38-годишник во Аеродром, на 20.12.2019 година, биле пронајдени 327,88 грама марихуана, шприц со 2,5 милилитри хашиш смола и една дигитална вага. Лицето е обвинето дека ја држело дрогата во домот заради натамошна неовластена продажба, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото што му се става на товар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.