Скопското обвинителство поднесе обвинение против едно лице, на возраст од 20 години, кој го товари за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на неговиот дом во Арачиново. Наркотична дрога – марихуана спакувана во едно поголемо пакување облепено со селотејп трака, со нето маса од 1007,8 грама, обвинетиот ја држел заради продажба скриена во плакар во подрумска просторија.

Поради опасност обвинетиот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.