Во Полициската станица Драчево, вчера околу во 15 часот, жена од Скопје пријавила дека на крајот на месец јануари 2020 година, над нејзината малолетна ќерка била извршена обљуба, информира МВР.

Обљубата, според зборовите на мајката, е извршена од нејзин познаник на возраст од околу 21 година.

Се работи на расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.