МВР денес ги објави имињата и фотографиите на бегалците од акцијата „Планина” за кои обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска тврди дека се главните организатори на криминалната група за нелегална трговија со дрога.

Идентитетот на шесте лица кои побегнаа според МВР е следен:

Бајрами Седат, роден 10.07.1989 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„5″ бр.18. Се бара со наредба КО бр.22/21 издадена од ОЈО-ГОКК-Скопје за основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ .

Зендели Егзон, од т.Муамер м.Зумрије, роден 10.09.2000 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„5″ бр.21. Се бара со наредба КО бр.22/21 издадена од ОЈО-ГОКК-Скопје за основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ .

Љатифи Бесир,
од т.Вазул м.Назире, роден 30.09.1991 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„6″ бр.4. Се бара со наредба КО бр.22/21 издадена од ОЈО-ГОКК-Скопје за основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ .

Љатифи Сенад, од т.Вазул м.Назире, роден 14.07.1994 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на у.„6″ бр.4. Се бара со наредба КО бр.22/21 издадена од ОЈО-ГОКК-Скопје за основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ .

Муареми Иљаз,
од т.Беџет м.Фекрие, роден 01.09.1978 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„5″ бр.3. Се бара со наредба КО бр.22/21 издадена од ОЈО-ГОКК-Скопје за основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ .

Рогачи Исмаил, од т.Насер м.Мируше, роден 08.03.1993 година во Скопје, каде и живее на ул.„Ордан Чопела” бр.75-а. Се бара со наредба КО бр.22/21 издадена од ОЈО-ГОКК-Скопје за основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ .

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска одржа прес-конференција пред 5 дена во врска со акцијата „Планина” во која беа уапсени 22 лица од четири скопски населби, Грчец, Чаир, Гази Баба и Сингелиќ.

Како што кажа Русковска, тие биле следени со помош на ПИ-мерки за да може да се обезбедат докази за конечно нивно апсење. За сега, фатени се само продавачите на дрога.

„Обвинителството има доволно докази за наркобосовите и се надевам дека наскоро ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата”, рече Русковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.