Вчера маскирани лица влегле во домот на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски со цел да извршат кражба, објави „Курир“.

Како што пишува „Курир“ во семејниот дом на Марковски вчера се обиделе да влезат неколку лица за да извршат кражба.

Во тие моменти дома биле неговата сопруга и малолетно дете, а за среќа не е причинета никаква материјална штета.

Случајот е пријавен и во полиција.

Ваквото разбојништво доаѓа веднаш откако Марковски е поставен за нов член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.