Во полициската станица во Кисела Вода вчера во 16 часот, Е.М. (55) од Скопје пријавила дека на 12 овој месец на нејзиниот домашен телефон се јавило женско лице и ѝ кажало дека направило сообраќајна незгода, по што веднаш се јавило машко лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода и дека треба да плати одреден износ.

Според пријавата, откако таа му одговорила дека нејзината ќерка е дома, лицето ја прекинало врската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.