Новоизбраниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски во петок е на суд, пишува „Фокус“. На Јакимовски му се суди за кривично дело од времето кога беше градоначалник, односно за незаконска легализација на објекти, меѓу кои и за просторот кај поранешниот ресторан „Имес“, и градењето на административната зграда на Општина Карпош.
Обвинението за овој случај беше поднесено во 2019 година, а оттогаш се одржале неколку судски рочишта. Но, од пред неколку месеци предметот е вратен од почеток, бидејќи судијата Горан Бошевски беше разрешен, а предметот го наследи судијата Осман Шабани.
Освен Јакимовски, во овој случај обвинети се уште 10 лица, од кои петмина признаа вина и се спогодија со обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.