Откако во јавноста изби скандалот со групата „Јавна соба“ во која се шират експлицитни фотографии и лични информации на девојки на Телеграм, неколку девојки жртви на таквата активност одлучија да ги споделат своите приказни во јавноста.

Прва што јавно проговори беше Ана која ја раскажува целата случка, како била земена нејзина фотографија од Инстаграм и како бил објавен нејзиниот телефонски број во групата „Јавна соба“, а потоа уште една девојка, која сака да остане анонимна, на социјалните мрежи го раскажа своето лошо искуство со групата „Јавна соба“.

Таа објаснува дека одеднаш многу луѓе на социјалните мрежи почнале да ѝ испраќаат фотографии од нивниот полови органи. Како што вели, тоа почнало да се случува откако во „Јавна соба“ била објавена нејзина фотографија што таа лично пред четири години му ја испратила на тогашното момче. Откако дознала за тоа, девојката се затворила во себе и поради голем срам не излегувала од дома.

Работата излегла од контрола кога добила анонимен повик од човек кој ѝ рекол дека ќе ѝ го уништи животот со таа фотографија, па таа веднаш му кажала на својот татко и пријавила во полиција. Полицијата, како што вели, не успеала да му влезе во траг на заканувачот, па девојката сама решила да ја води битката. Со помош на апликација успеала да ја пронајде ИП адресата на заканувачот и сфатила дека се работи за поранешното момче на нејзина другарка.

Во продолжение сведоштвото на жртвата на „Јавна соба“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.