За случајот „Титаник” во Кривичниот суд Скопје, денеска е предвидено да се одржи ново рочиште.

Судењето за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка и на претходните главни расправи главно се сослушуваа сведоци на Обвинителството.

Обвинителниот акт инициран од поранешното Специјано јавно обвинителство, за овој предмет за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, сомничи 20 лица, меѓу кој и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска (осудена со четири годни затвор за случајот „Тенк”) и други поранешни високи функционери на оваа политичка партија.

Судечкиот совет за овој предмет го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.