Во текот на вчерашниот ден во полиција биле пријавени два нови случаи за напад од кучиња скитници во Скопје.

Првиот бил пријавен во 20:50 часот во Полициската станица Центар, каде А.Г.(35) од Скопје пријавила дека на булеварот „Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Во 22 часот во Полициската Карпош М.Т.(74) пријавил дека на улицата „Бранислав Нушиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.