Трагедија вечерва во скопско Ново Лисиче, вечерва почина прегазен маж кој се движел со велосипед.

Според информациите кои за Канал 5 ги потврдија од полицијата, прегазен е средовечен маж , кој им подлегнал на повредите. Тој возел велосипед , кога на него налетала шкода „Октавија“ на Булеварот „Видое Смилевски Бато“ управувано од 49-годишниот М.Ц.

Станува збор за машко лице на возраст од околу 50 години.По доаѓање на итната медицинска помош констатирана е смрт кај велосипедистот.

Телото е пренесено на обдукција .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.