За кобната трагедија кај Ласкарци, денеска нови детали.  Имено денеска беше откриено дека автобусот на смртта на „Дурмо турс“ имал уред со кој се манипулирала брзината денеска признава возач од компанијата кој истиот ден се возел во автобусот но не и во моментите кога загинаа .

На рочиштето денеска Филип Наумовски како сведок открива дека речиси осум години автобусите на Дурмиш Белули имаат такви уреди.

Автобусот дента го возевме јас, Џемаил и Мануел. Првата тура од Гостивар за Скопје и назад во 7 часот мислам дека ја возеше Мануел. Потоа во 11 часот турата мислам дека ја возеше Џемаил. Во тој период Мануел беше на дневен одмор, како пауза, рекол Наумовски, пренесоа медиумите.

Тој раскажа и дека за време на возењето на автобусот кога се враќал за Скопје возачот кој ја предизвика несреќата не се пожалил на никакви здравствени или технички проблеми и дека истиот ден автобусот цело време возел на една тахографска лента.

Тахографските ленти седеа во кутија во автобусот. Таму ги стававме старите и стававме нова. Сите возевме на една лента. Знаевме дека не треба, ама така правевме. Дента јас не ја пополнив тахографската лента, не знам дали некој во гаража, посочил Наумовски.

Меѓудругото , кажа дека ниту сопственикот, ниту пак одговорниот за транспорт не барале возачите да ги контролираат тахографските ленти, а знаел дека сите три автобуси на таа релација имаа таков уред.

Во трагедијата кај Ласкарци животите ги загубија 16 лица, а 37 беа повредени. За тешки кривични дела во овој случај се осомничени сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски, а за соучесници се гонат тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.