Се појави видео, од друг агол од инциденот во Битола кој предизвика реакции кај јавноста, а резулитраше и со протест во центарот на градот против полициската бруталност.

Но, снимката фрла ново светло на случајот во кој полициски службеници тепаат граѓани.

Од видеото, според објавеното, се забележува како еден од полицајците во еден момент изрипува по обид за удар, односно физички напад од страна на еден од присутните роми, додека друг им се обраќа со зборовите: „Мавајте“, додека полицајците стојат на улицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.