Вчеравечер, Д.Р.(70) од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1.050 евра. Според пријавеното, околу 13.00 часот ѝ се јавило машко лице кое ѝ кажало дека ќерка ѝ направила сообраќајна незгода и згазила дете, а дека само тој како очевидец можел да ја спаси ќерка ѝ да не оди во затвор, доколку му даде пари.

Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека ќерка ѝ има скршена вилица и не може да зборува. Таа му поверувала и околу 16.00 часот излегла пред зградата каде што живее и му ги дала парите. Според пријавата, веднаш потоа се јавила ќерка ѝ, по што Д.Р. заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.