Пратка од неколку стотици килограми наркотици во петокот била пресретната движејќи се од аеродромот Петровец кон конечната дестинација, дознава „Инфомакс“ од сопствени извори.

Според информациите, се работи за пратка од неколку стотици килограми синтетичка дрога која била спакувана во кутии од делови за мобилни телефони. Нарачката на деловите за мобилни телефони била направена од една позната скопска мобилара.

Информациите за Инфомакс зборуваат дека во овој случај на шверц со дрога вмешани се и царински службеници и полицајци вработени ГП Север.

Пратката била одобрена да помине на царина без проверка, по што во акција на полицијата била пресретната додека се упатувала кон конечната дестинација.

Од МВР потврдуваат дека имало таква акција, но засега одбиваат да коментираат во детали со оправдување дека акцијата е во тек. Неофицијално, со акцијата раководи американската агенција за спречување на трогвија со дрога – ДЕА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.