Нов обвинителен предлог е поднесен против охридскиот бизнисмен и висок претставник на ДУИ Нефи Усеини, објави „А1Он.мк.

Обвинителот Воислав Димоски го гони Усеини за претепувањето на советникот во Општина Охрид, Џемал Мена, во време, кога двајцата ја извршуваа оваа функција. Обвинителството бара од судот, Усеини да биде прогласен за виновен дека сторил кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие. Истиот е прифатен, а првото рочиште ќе се одржи на 1 јули.

Ова е втор предмет за физичко насилство кој е во судска постапка против Усеини, а четири предмети за други дела се водат во Обвинителството. Обвинителниот предлог против Усеини е напишан на две страници. Во него е опишано, како во јуни 2019 година, Усеини, незадоволен од тоа како сакал да гласа неговиот тогашен колега Џемал Мена за точка на дневен ред, го натепал пред останатите советници во Општина Охрид. Во него се наведени сите повреди кои му биле нанесени на Мена.

Целиот текст тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.