Два физички напади се случиле викендов во Тиквешко, едниот нападнат бил вработен во болница, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во Полициската станица Неготино вчера во 16:30 часот било пријавено дека на паркинг простор пред базен во Неготино, Г.Т.(24) бил физички нападнат од Б.К.(30). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Додевски.

Во Полициската станица Кавадарци завчера во 21.30 часот било пријавено дека 24 годишник, вработен во болницата во Кавадарци, бил физички нападнат од Т.Ј.(24).

Напаѓачот бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.