Сува трева, стрниште и шума гореле во кумановско во изминатово деноноќие, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарникарите гаснеле пожар во село Зебрњак во ноќните часови од 23:30 до 00:35 часот. Во текот на денот, пожарникарите интервенирале на пожар во близина на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце.

Пожар имало и во село Шупли камен каде горела сува трева. Кумановските пожарникари гаснеле пожар и на запалена шума во село Сопот попладне од 16:00 до 19:40 часот.

На сите пожари интервенирала по една екипа со по едно противпожарно возило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.