Ноќва во 00.15 часот полициски службеници ја пронашле Ш.А.(14) од Скопје. Таа била најдена во Скопје на ул.„Самоилова“ во Чаир.

Девојчето беше пријавено за исчезнато уште саботата доцна навечер кога во Полициската станица Гази Баба, М.А.(48) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка.

Неколку дена нејзината фотографија беше споделувана и по социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.