Еден активен и 26 изгаснати пожари се регистирани во изминатото деноноќие, информира ЦУК.

Се уште активен е пожарот во охридско кај селата Вапила и Сирула каде опожарена е борова дабова шума и ниска вегетација.

-Интервенирано со 1 противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со 3 пожарникари и 3 лица на ЈП Национални шуми подружница „Галичица“, информираат од ЦУК.

Изгаснатите пожари на кои се интервенирало биле во Скопје и скопско, кумановско, битолско, Демир Хисар, тетовско, гостиварско, светиниколско, струмичко, прилепско…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.