Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), тројцата од Скопје, осомничени за одгледување марихуана. Тие биле приведени вчера околу 18 часот во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на Вардар.

На локацијата каде што биле затекнати биле откриени околу 100 стебла насади канабис сатива, дел засадени во земја, а дел во саксии. Пронајдените стебла со други предмети биле подигнати за понатамошна постапка, а по насоки од јавен обвинител лицата биле задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти МВР.

Против тројцата ќе следува соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.