Свештеникот Виктор Стојчев најави дека ќе бара отштета од Миле Јовановски, таткото на Боки 13, кој денес беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот.

За ,,Фокус” тој појаснува дека се решил да бара отштета од Јовановски во граѓанска постапка, бидејќи цели три години, по нападот, луѓето биле убедени дека тој е тепачот, па не му доаѓале во црквата ниту за венчавки, ниту за крштевки.

За отштетата, верувам дека има стручни лица кои ќе пресметаат и земат во предвид дека свештеничката работа зависи од угледот и честа. Во последните три години немав ниту една крштевка или венчавка, црквата ми беше празна, бидејќи по нападот до ден денешен јас бев тепачот. Па така, за македонски услови таа отштета би била далеку пониска од вообичаената пракса. Но, најважно од се е што злосторниците го признаа злосторот, а никаква материјална отштета не може да ми го врати угледот и здравјето – вели Стојчев, кој не прецизираше колкава би била сумата која што ќе ја бара од Јовановски.

Стојчев вели дека доколку добие отштета, планира да ја донира, односно ќе била во насока на човекољубие. Тој додава дека како човек и како свештено лице, веќе му простил на семејството Јовановски.

Настанот поради кој Миле заработи шест месеци затвор се случил во јануари 2017 година, поради расправија, односно тепачка за паркинг пред нивните домови. Тогаш Стојчев бил удиран со тупаници и со нозе од страна на Јовановски, а се здобил и со скршеница на клучниот зглоб на левата нога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.