Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.М.(63) од с.Чегране поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот во мај 2019, со намера да прибави противправна имотна корист, го довел во заблуда оштетениот Ј.А.(64) од Гостивар, ветувајќи му дека ќе го вработи неговиот син во државна фирма поради што во два наврата му зел вкупна сума од 1.500 евра, а ветувањето не го исполнил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.