Летните горештини ја зедоа првата жртва во Битола. Според сведочење на присутните, 14-годишно девојче се удавило денеска на олимпискиот базен „Император“ во Битола, пренесува Нова Македонија.

Засега не се соопштува идентитетот на девојчето, а полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.

Она што изненадува е дека несреќата се случила пред повеќемина посетители, а никој не забележал ништо, дотолку повеќе што на базенот има служба за спасување која е обучлена токму за вакви ситуации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.