Пред околу половина час на патот Скопје – Блаце, веднаш по тунелот што води кон границата со Косово, се случи сообраќајна несреќа меѓу два автомобила, пренесува весникот КОХА.

Во несреќата учествувале автомобил „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки и „Рено клио“ со косовски таблички.

До несреќата дошло кога возачот на реното претекнувал колона возила и неможејќи да запре директно удрил во бмв-то што наидувало од спротивниот правец.

Граѓаните помагале додека да дојде Брза помош.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.