Скопјанец е тешко повреден во несреќата што се случила вчера околу 13.30 часотво атарот на с.Кучково, скопско, додека гледал мото крос трка.

Како што соопшти полицијата, О.Р.(31) од Скопје бил удрен од мотоцикл, управуван од Д.К.(23) од Гевгелија, натпреварувач, кој изгубил контрола над мотоциклот.

О.Р. се здобил со тешки телесни побреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.