Две лица се повредени во несреќата што се случи вчера наутро во 07.15 часот на автопатот Скопје-Тетово, пред наплатна станица Желино.

Товарно возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Д.С.(36) од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во тетовската клиничка болница, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.