Во СВР Скопје вчера во 12:07 часот било пријавено дека на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(25) од село Глумово, скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје.

По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт, соопшти МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.