Нерегистриран угостителски објект во липковско Опае работел и не ги почитувал протоколите, соопшти денеска СВР Куманово.

На 26 март 2021 година после 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект во село Опае, општина Липково, при што било констатирано дека објектот, кој не бил регистриран, работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и не се почитувале протоколите за отворање, соопшти СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.