Полицијата го потврди обидот за разбојништво во домот на докторот Вело Марковски. Како што јавува МВР, настанот се случил вчера вечерта.

На 28.09.2020 околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, стои во краткото соопштение на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.