Во дворот на затворот во Штип била пронајдена дрога од различни видови, но засега е непознато кој ја внел дрогата во рамки на затворот.

На 24.02.2021 во 20.30 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Затвор – Штип било пријавено дека во дворот на затворот билe пронајдени прашкаста материја и марихуана. Од страна на полициски службеници дрогата била одземена – информираат од МВР.

Како што велат од полицијата, се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.