На 25.09 во 08.00 часот во СВР Тетово, Ф.Р.(67) од с.Камењане, тетовско, пријавил дека додека ги напасувал овците во атарот на село Јеловјане, Тетовско, две лица со мотоцикли дошле до неговата штала и потоа слушнал неколку истрели од огнено оружје, при што бил оштетен ѕидот и вратата на објектот.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.