И вториот повреден во престрелката во скопски Бутел им подлегнал на повредите, неофицијално дознава  „Република“. Претходно беше објавено дека еден е починат, а еден тешко повреден е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Неофицијално и тој им подлегнал на повредите.

Во СВР Скопје околу 22.00 часот било пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило „голф”, во кое имало две лица, по што биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.

Лицето е убиено од заседа додека било во својот автомобил, велат очевидци. Неофицијално станува збор за извесен Камбер.

Полицијата е на терен и за подоцна најави повеќе информации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.