Пожар избувнал попладнето во Казнено-поправниот дом „Идризово“ во просторија каде што се складирани ќебиња, но нема повредени лица и не е причинета материјална штета.

Како што изјави за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски, било запалено едно ќебе, но пожарот не се проширил и тој бил изгаснат од затворската полиција. Мојсоски нагласи дека во инцидентот нема повредени, ниту причинета материјална штета.

Во затворот пристигнаа две возила на Противпожарната бригада. Во 17:47 часот е најавен пожарот, во 18:45 часот возилата се вратени во центарот во Автокоманда, истакна за МИА, командирот на Територијалната протипожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.