Нема повредени лица и материјална штета од поголеми размери во денешниот пожар во Цементарница УСЈЕ, информираа попладнево од компанијата.

Оттаму посочуваат дека пожарот најверојатно е предизвикан од дефект на електрична инсталација и дека е целосно ставен под контрола и изгаснат.

Денес, околу 11:30 часот, во Цементарница УСЈЕ АД Скопје се случи пожар, кој најверојатно е предизвикан од дефект на електричната инсталација, по што веднаш беше известена противпожарната служба. Вработените во УЈСЕ реагираа веднаш по настанувањето на пожарот, со што беше спречено негово понатамошно ширење. По пристигнувањето на противпожарната служба и нивната брза интервенција, заедно со вработените од компанијата, пожарот целосно беше ставен под контрола и изгаснат, а нема повредени лица и штети од поголем вид, се наведува во соопштението од компанијата.

Од УСЈЕ велат дека увидот ќе продолжи за да се утврдат причините.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со девет пожарникари и две возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.