Засега во македонските затвори нема заразени од ковид-19, но посетите се забранети, а екстрадициите се одложени, објави „Алфа“.

Есад Рахиќ, директорот на затворот во Шутка, за „Алфа“ потврдил дека се одложени неколку екстрадиции од Германија на затвореници кои требалo да бидат вратени во Македонија. Посетите во затворите речиси и се забранети, односно се сведени на минимум заради превенција од пренесување на вирусот во казнено поправните домови.

Рахиќ вели тие имаат обезбедено посебни простории каде би биле примени евентуално новите лица кои ќе пристигнат во казнено поправните институции.

Затворските власти тврдат дека келиите и останатите простории се дезинфицираат по три пати на ден, а средства за дезинфекција како гелови и алкохол имало, иако тешко се наоѓаат. Чуварите се заштитени со маски и ракавици, но сепак Рахиќ вели дека сите мора да се придржуваат на мерките кои се дадени од Владата.

Вчера адвокат истакна дека во затворите имало болни од корона вирусот, а доктори не доаѓале да ги прегледаат, од Управата за извршување на санкции за „Алфа“ велат дека овие информации се лажни вести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.