По дојавата за бомба во Сити Мол биле пребарани тоалетите и ходниците, каде досега ништо не било пронајдено. Според информациите на екипата на „Република“ која моментално е пред Сити Мол, на ред е претресот на секој дуќан во трговскиот центар. Било најавено дека ќе се повикува по еден вработен од секоја од продавниците за да се направи потребниот претрес.

Граѓаните се во паника. Дел од булевар „Партизански Одреди“ е затворен од страна на сполицијата. Полициски возила се поставени на семафорите кај поликлиника Букурешт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.