Едно лице загина, а повеќе се тешко повредени во неколкуте тешки сообраќајни несреќи што се случија изминатото деноќие.

Синоќа во 23.00 часот на локалниот пат с.Палатица – Желино загина мотоциклист.

Вчера наутро во 08.30 часот во с.Егри, битолско, патничко возило „форд ка“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р. (60) од с.Егри удрило во велосипед, управуван од Б.Р.(84) од с.Егри. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Претходно 07.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „4 Јули“ во Струмица се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(20) од Струмица и патничко возило „рено меган“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В. (50) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.В., констатирани во Медицински центар Струмица, каде била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Во 11.40 часот на регионалниот пат село Смоквица – с.Прдејци, гевгелиско, П.И.(19) од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Попладнето околу 17 часот на локалниот пат с.Бузалково – с.Раштани, Д.Ј. (38) од Велес управувајќи мотоцикл „арора“, со велешки регистарски ознаки, се лизнал и паднал на коловозот. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен за укажување на лекарска помош во Општата болница Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

Во 17.20 часот било пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрило во деветгодишен пешак од Скопје. Во незгодата пешкот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Во исто време на локалниот пат во с.Долно Палчиште се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(20) с.Долно Палчиште и патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ш.(49) од истото село. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Џ.Ш., а со телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Во 18.40 часот било пријавено дека во Тетово, пред Арабати Баба Теќе, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(20) од Тетово, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид. Во незгодата, Б.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Ноќва во 00.15 часот било пријавено дека во с.Пантич, пробиштипско, патничко возило „сеат толедо“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(21) од Кратово, излетало од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката П.В., а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник А.Д., констатирани во Здравствен дом Кратово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.