Околу 600 метри квадратни трска изгореле на брегот на Охридското Езеро во вчерашниот пожар во атарот на струшкото село Калишта.

СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот бил пријавен околу 14 часот во Оделението за внатрешни работи.

Вчера околу 14 часот во ОВР Струга, пријавен е пожар на трска покрај брегот на Охридското Езеро, во атарот на струшкото село Калишта, во кој нема повредени лица, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот и сопственоста на имотот кој бил зафатен од пожарот.

Пред точно еден месец беа опожарени трски на површина од околу 400 метри квадратни трска во водите на Охридското Езеро во близина на Извидничкиот центар во Струга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.