Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што биле проверени 13 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници и биле упатени во станица за технички преглед.

Според извршената контрола од 13 автобуси и комбиња, дури кај девет од нив им било пронајдена некоја фалинка. На две возила била утврдена техничка неисправност, додека кај други две имало недостатоци на опрема. Други две возила превезувале патници со измината важност на сообраќајната дозвола, едно било нерегистрирано возило, едно од возилата било со други недостатоци, додека еден возач возилото не го ни однел во станица за технички преглед.

Санкционирани биле и 15 други видови прекршоци од кои шест за управување возило без возачка дозвола, една за неносење возачка дозвола, две за некористење сигурносен појас и шест за непрописно паркирање. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбдноста во сообраќајот, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Акциска контрола е спроведена и денеска во периодот од 07.00 до 10.00 часот на подрачјето на СВР Штип.Контролата била за санкционирање возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 16 прекршоци, од кои девет надвор од населено место и седум во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.