Охридскиот советник Нефи Усеини не бил сам кога го нападнал професорот Иљаз Иљази во Охрид.

Во полицискиот билтен е заведено дека на 29.07.2019  околу 10 часот на улицата „Сатеска“ во Охрид бил нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У. (44) и уште едно лице врз И.И.(60) од Охрид.

Н.У. е повикан во полициска станица и извршен е службен разговор и против него и вториот напаѓач ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.