Вчера во 08.35 часот во СВР-Битола, Л.А. од село Лажел пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол една стара неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Во 14.30 часот Љ.Б. од село Крклино-битолско, пријавил дека во нива лоцирана на 300 метри од стара Кукуречанска раскрсница, при изведување земјоделски работи, пронашол една неексплодирана артилериска граната калибар 155мм од Првата светска војна – велат оттаму.

Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, експлозивните направи биле подигнати за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.